Меморандум за разбирање за официјализирање на соработката и активностите во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“
Денеска во просториите на општина Куманово беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Општината и канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), за официјализирање на соработката и активностите, кои се спроведуваат во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“. Проектот е тригодишна иницијатива финансирана од Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош која работи на подобрување на квалитетот на воздухот во Куманово, Скопје, Тетово и Битола.
Целта на овој Меморандум е да обезбеди рамка за неексклузивна соработка помеѓу двете страни во областа на подобрување на квалитетот на воздухот, врз основа на разработените цели и активности на проектот. На чинот на потпишување присуствуваа Александар Гелевски секретар на Општината, Донка Петровска раководител на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, Емилија Сларидис Јаневска раководител на Сектор за урбанизам, Микела Телатин претставничка на УНОПС во Македонија, Калинка Габер проектна менаџерка, Петар Грнчаровски, машински инженер, Дејан Стојанов службеник за комуникации, Александра Сеизова Ивановска соработничка.
Благодарение на проектот “ЕУ за чист воздух” Куманово ќе добие значителна поддршка за подобрување на животната средина, вклучувајќи замена на системи за греење на јавните згради кон извори на чиста енергија, зголемување на зелените површини во градот и подобрен мониторинг на квалитетот на воздухот.