Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работилница во рамки на втора фаза од проектот “Поврзување на локални патишта и улици”

Општина Куманово беше домаќин на повеќе општини во Македонија, вклучени во проектни активности за подобрување на патната инфраструктура во општините – RAMS, како втора фаза од проектот “Поврзување на локални патишта и улици”. Овој проект е финансиски поддржан од Светска банка, во имплементација на Министерство за транспорт и врски и општина Куманово, која е една од 16-те успешни општини во досегашната имплементација на проекти од оваа Програма.  Координатор на проектот е Горан Митевски раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, а заменик координатор – Марија Бабан раководител на Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции.

На работилницата присуствуваа експерти од областа на патна инфраструктура – MOTT Србија и MOTT Романија, како и членови на работната група – претставници од: СВР Куманово, јавните претпријатија Куманово Паркинг и Куманово План, Сектор за урбанизам, Сектор за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата и Одделение за ИТ.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст