Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

7-ми Меѓународен саем на органски и традиционални производи и 3-ти Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки

Здружението за развој на земјоделство и заштита на животната средина преку истражување, едукација и зачувување на биодиверзитетот „Живот“- Куманово  одржа работно – иницијативен состанок, во рамките на 7-миот Меѓународен саем на органски и традиционални производи  „Органска трпеза“ и 3-тиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро Мак“. Тема на состанокот беше “Органска и функционална храна – иднината на Македонија и регионот на Југоисточна Европа”. Присуствуваа градоначалникот на општина Куманово и претседателката на Совет,претставници од факултети, научни институции и компании од Македонија, Балканот и Европа. Се водеше дискусија за понатамошниот развој на органското производство и подобрување на условите за земјоделските производители. Претставници на “Архимедис клуб” од Москва, Русија на градоначалникот му врачија признание за локално лидерство и поддршка на иновативни иницијативи.

Димитриевски ги отвори традиционалните саеми „Органска трпеза“ и “Агро Мак”, кои за производителите се поттик за развој на одржливи земјоделски практики, како и презентирање на иновации и модерни технологии за унапредување на земјоделскиот сектор и технологиите за прехранбена индустрија. Оваа година учествуваат околу 500 изложувачи од Македонија, Балканот и Европа. Во рамките на оваа масовна традиционална манифестација се одржа меѓународен стручен натпревар на ученици од средни земјоделски училишта и дегустација на производите.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст