Свечено отворање на објект за потребите на лица со попреченост во Куманово
Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – ИНКЛУЗИВА во партнерство со Општина Куманово, денеска на пригоден начин го отворија реновинираниот објект (поранешна месна заедница 11 Ноември), адаптиран за програмските и проектните активности на децата/лицата со попреченост, во рамки на Здружението.
Новиот објект е резултат на соработката која трае подолг период помеѓу Општина Куманово и здружението ИНКЛУЗИВА, чија основна цел е создавање и подобрување на услови за квалитетот на живеење на децата/лицата со попреченост и нивните семејства.
На настанот присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за култура, спорт.