Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршен настан од проектот “Неми сведоци” на здружението “Доверба” – Куманово

Со денешната спортска манифестација на атлетската патека во Куманово, завршија проектните активности во организација на здружението “Доверба” – Куманово.
На атлетскиот митинг се натпреваруваа ученици од четирите кумановски средни училишта: ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков”, СОУ Гимназија “Гоце Делчев” и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” и корисници на услуги од дневниот центар Порака наша – Куманово.
Учесниците на настанот со свои тела испишаа моќнa порака: “Не биди нем сведок!”, преку која упатија апел за меѓусебна врсничка помош и поддршка.
Проектот “Неми сведоци” беше реализиран во неколку етапи, преку едукативни работилници наменети за ученици средношколци, наставници и родители.
Основна цел на проектот е намалување на сите видови на врсничко насилство, создавање поволна атмосфера за работа во училиштата, подобрување на меѓусебната комуникација, поттикнување на тимска работа и надминување на разликите, со што би се подобрило менталното здравје кај младата популација.
На настанот присуствуваа и претставници од Општина Куманово, а пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст