Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентација на еко автобус во Куманово – дел од проект “Мој зелен дом”

Одделението за заштита на животната средина и природата при Општина Куманово, во соработка со Автомакедонија, денеска организираше едукација на ученици од општинските основни училишта “Крсте Мисирков” и “Браќа Миладиновци”, заедно со група граѓани.
На промотивното возење со електричен автобус низ градските улици, беше поделен информативен материјал (флаери), со цел да се подигне на повисоко ниво свеста за заштита на животната околина.
Автобусот Isuzu NovoCITI VOLT е комплетно решение за организирање на јавен превоз, не го загадува воздухот, односно има 0 проценти емисија на штетни гасови, овозможува комплетно и модерно возење, се движи без бучава и без вибрации и има компактни димензии.
Електричниот автобус ќе има промотивни возења и низ улиците на Гостивар, Кичево, Охрид и Гевгелија и нивната непосредна околина.
Денешниот настан е дел од европската промотивна тура “Isuzu demo tour 2024”.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст