Соопштение
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа,како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.Градоначалникот на општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочуство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Р.Србија.