Втора Јавна презентација за реконструкција на ул. “Моша Пијаде”
Во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации се одржа втора Јавна презентација за реконструкција на ул. “Моша Пијаде” во Куманово. Проектот ќе биде финансиски поддржан од Светска банка, во имплементација на Министерство за транспорт и врски на РСМ и општина Куманово. На присутните жители на наведената улица им беше претставен целокупниот проект, по што беше иницирана дискусија за евентуални предлози и идеи на присутните, како дополнување на проектните активности.