Стари занаети непресушен извор на традиција
Во рамки на Програмата за одбележување на 11 Ноември – Ден на ослободување на Куманово, денеска свечено беа отворени вториот саем за мало стопанство и Сувенирница во Куманово, како и доделени субвенции на претставници на стари традиционални занаети. Настанот е во организација на Регионална занаетчиска комора и Фондација за развој на мали и средни претпријатија од Куманово, со финансиска поддршка на општина Куманово. Се обратија Максим Димитриевски градоначалник на општина Куманово, Агрон Фазлији претседател на Занаетчиска комора на РСМ и на Регионална занаетчиска комора Куманово, Марјан Ристески заменик министер за економија и труд, Бесарт Дурмиши министер за економија и труд и Столе Трајковиќ еден од најстарите занаетчии во градов.
Градската Сувенирница се наоѓа во склоп на Занаетчиски дом, претставувајќи симбол на посветеност во промовирање на занаетчиството и туризмот во Куманово.
Целта на саемот е обезбедување поддршка за старите занаети преку субвенционирање од страна на Општината, кои претставуваат културно – историско наследство, како и да се промовираат мали и средни претпријатија на локално ниво. Ова е можност за вмрежување и соработка со други претприемачи и институции, како и размена на идеи за развој на стопанството