Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“ЕУ за чист воздух” – започна првиот циклус од проектот на садење на дрвја во Куманово

Општина Куманово, со поддршка од Европската Унија преку проектот ЕУ за чист воздух, започнува голема акција на садење дрвја како дел од иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот во нашиот град!

Денес засадуваме 760 тиси   до 20 декември ќе имаме уште три садења на три важни локации  Парк Соколана, градски парк и кејот на реката

Вкупно засадуваме 1,815 висококвалитетни, селектирани и внимателно одбрани локални видови на дрвја.

Оваа акција е дел од напорите за заштита на животната средина и создавање на почист воздух за сите граѓани на Куманово. Секое дрво значи повеќе свежина и здрава иднина за нашата заедница!

Да се обединиме и да делуваме заедно кон поздрава животна средина. #ЕУЗаЧистВоздух

На денешната акција на садење на дрвја, која беше реализирана во  градскиот парк, учествуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, претставници од општинската администрација и работна екипа од ЈП Чистота и зеленило – Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст