Свечен прием во Општина Куманово по повод претстојниот празник 11 Ноември
Во чест на јубилејот 505 години постоење на Куманово и 80 години од ослободувањето на градот, во пригодна атмосфера, денеска во Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и секретарот Александар Гелевски, примија делегации од повеќе државни институции, здруженија на граѓани, поранешни градоначалници и претседатели на Совет на Општината.
На денешната средба присуствуваа претставници од Сојуз на борци од НОБ и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и граѓани продолжувачи, од здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС, претставници од АРМ, од СВР – Куманово и од ТППЕ Куманово.