Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Мега концерт во Куманово во чест на празникот 11 Ноември

На градскиот плоштад во Куманово, пред многубројната публика, вечерва се одржа музички хепенинг, во рамки на одбележувањето на 505 години постоење и 80 години од ослободувањето на градот под Козјак, во организација на Фондација за култура и спорт Куманово.

Музичкиот настан го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој упати празнични честитки до граѓаните по повод јубилејот, посакувајќи им здравје и среќа.

На сцената настапија 20 интерпретатори, пејачи и музички групи од македонската музичка сцена:

Лука Чомбе, Мартија Станојковиќ, Нино Величковски, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски,Ивона Јо, Марио Арангеловски, Лара Иванова, Антониа Гиговска, Куку леле, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Ламбе Алабаковски, Пајак, Слаткаристика, 2БОНА, ДНК, Тамара Тодевска и Владо Јаневски.

Беа изведени песни од повеќе музички правци за сите генерации, кои беа поделени во четири етапи: блок на локални изведувачи, дел со фолклорни песни, поп – рок и рап – трап пејачи.

Водител на концертот “Македонија пее за Куманово”, беше познатиот јутјубер во јавноста, Стефан Лазаров.

Во текот на музичката вечер публиката имаше можност да проследи спектакуларен огномет.

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст