Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршна манифестација по повод Месецот на книгата

Со пригодна културно – уметничка програма во ООУ Крсте Мисирков – Куманово, денеска заврши литературниот и ликовен натпревар Месецот на книгата, во организација на ЈОУ Библиотека Тане Георгиевски – Куманово.
На традиционалната годишна манифестација учествуваа ученици од општинските основни и средни училишта, кои пишуваа проза и поезија и изработуваа ликовни творби, во просториите на градска библиотека.
На најуспешните учесници им беа доделени  пригодни награди и признанија.
На манифестацијата присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст