Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ден на град на Општина Бања Лука

По повод ден на град на Општина Бања Лука (Република Српска), Градоначалникот Максим Димитриевски со претставници на општинската администрација престојуваше во дводневна посета на овој град .Со Градоначалникот на  Бања Лука Игор Радојичић оставрија средба на која разговараа за продлабочување на меѓусебна соработка во повеќе области, а посебно помеѓу културните и образовните институции во двете општини. Се договорија дека во наредните месеци ќе ги интензивираат меѓусебните контакти за регионални поврзувања, а при крајот на оваа година во Куманово ќе се организираат „Денови на Бања Лука„ на кои ќе биде претставена културната и туристичката понуда на овој збратимен град.Домаќинот се заблагодари на општина Куманово за несебината поддршка што општината  ја даде на Бања Лука за време на катастрофалните поплави во 2014 година.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст