Советниците едногласно ја изгласаа одлуката за почнување со работа на новата градинка „Детелинка„
Советнниците на денешната десетта седница на Совет на Општина Куманово распараваа по точки од областа на урбанизмот, социјална заштита, образование и за постапки за отпочнување на проекти.
На седницата покрај другите точки од дневен ред, советниците ја изгласаа Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово во објектот „Детелинка“ лоциран на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 1 во Куманово во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
„Детелинка“ ќе биде новиот објект на градинката „Ангел Шајче“ сместен во зграда на поранешен „Пионерски дом„, со можност за сместување на осумдесет дечиња.