Училиштето „Христијан Карпош“ со гостите од програмата на Еразмис + во посета на Општина Куманово
Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски се сретна со претставници од Основното училиште „Христијан Карпош“, кое деновиве е домаќин на партнерските училишта вклучени во проектот Еразмус + од Англија, Романија, Полска, Шпанија, Италија и Турција.
Со проектот, учениците покрај можноста да изучуваат странски јазици преку предметите кои веќе ги имаат во училиштето, ќе ги посетат и земјите партнери заради запознавање на нивната култура, традиција и образование.