Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржана Трибина во врска со даночно потикнување во делот на спортот, согласно законот за данок на добивка

Општина Куманово и Секторот за култура и спорт, денеска организираа Трибина за запознавање на начинот и постапката во врска со даночно потикнување во делот на спортот, согласно Законот за данок на добивка.

На трибината присуствуваа сите релевантни фактори и чинители кои можат да допринесат за развој на спортот во нашиот град, Градоначалникот Максим Димитриевски, Директорот на Агенција за млади и спорт  г-дин Дарко Каевски,  Директорот на управа за јавни приходи г-ѓа Сања Лукаревска, како и Советници, претставници од општинска администрација и бизнис секторот во градот, претставници од спортските клубови и федерации и спортските работници.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст