Акциски план за одржлива енергија и клима на Општина Куманово
Општина Куманово согласно потпишаниот меморандум за соработка со Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, за учество при реализација на проектот “ЕУ за енергетска транзиција: Повелба на градоначалници од Западен Балкан и Турција”, финансиран од Европска Унија, во изминатиов период го изготви Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП).
Планот е реализиран преку Одделение за стратешко планирање, креирање политики и следење при Општината и ги елаборира акциите кои се исклучително важни за спроведување на мерките за достигнување на ниско јаглероден развој и понатамошно надградување во климатската неутралност и нула емисии на јаглероден диоксид.
Овој документ се води од насоките на “Повелбата на градоначалници”, која повикува на дефинирање на основниот инвентар на емисии на стакленички гасови и проценка на ризикот и ранливоста на Куманово.
Акцискиот план повикува на сплотеност помеѓу граѓаните, бизнис секторот и јавните институции, со што би се подобриле условите за заштита на животната средина во иднина.
Координатор на проект: Донка Петровска
контакт телефон
076/238-944
mail: [email protected]