Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Активности по повод денот на екологијата – 21 Март

Во организација на Секторот за образование и Одделението за животна средина од Општина Куманово, со поддршка на ЈП Чистота и зеленило – Куманово, предвидени се низа активности по повод денот на екологијата – 21 Март.
Во еколошката акција ќе учествуваат ученици и наставници од општинските основни и средни училишта и граѓани активисти кои се залагаат за почиста животна средина.
Овие активности се дел од кампањата “Куманово мој зелен дом” и имаат за цел подигање на  еколошката свест кај младата популација.
Се упатува повик за акцијата до сите граѓани, во која е предвидено е да се засадат 105 садници и расчистување, односно собирање на  отпад на четири локации: ООУ “Кочо Рацин”, ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков” и паркинг на ТППЕ Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст