Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Art Attack festival Куманово 2023″

Вечерва на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово љубителите на филмската уметност и електронската музика го проследија овогодинешното издание на “Art Attack Festival Куманово 2023”. Настанот е организиран од страна на Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалник и Совет на општина Куманово. Во рамките на фестивалот присутните проследија квалитетни DJ сетови на: “Mambaquinn”, “Dado K & Mamli” и “Shalajko”. За првпат во Куманово беше проектиран македонскиот филм „Снежана на крајот умира”, кој имаше светска премиера на почетокот на 2022 година, во официјалната селекција на филмскиот фестивал “Слемденс“ во Парк Сити, САД, а европска премиера имаше на фестивал од А категорија во Москва, истовремено со македонската премиера на затворањето на фестивалот “Браќа Манаки” во Битолa.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст