“Бдеење на Кокински мугри”– меѓународна поетска манифестација
Шеснаесеттото издание на меѓународниот поетски митинг, се одржа денеска во Занаетчиски дом, во организација на здружението на граѓани – “Друштво на писатели” Куманово, со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово. Пред присутните од име на Општина Куманово, се обрати овластениот раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски. На поетското дружење “Бдеење на Кокински мугри”, со свои творби учествуваа претставници од повеќе земји, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Луксенбург и Швајцарија, кои добија признанија за учество на манифестацијата. Настанот со културно – уметничка програма го збогатија членовите на КУД “Срма” – Куманово.