Чествување на 2 Август – Денот на Републиката
Во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, денеска свечено беше одбележан големиот државен празник – Ден на Републиката, со пригодна културно – уметничка манифестација.
Во знак на спомен и почит, делегација од Општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и помошник раководителот на Секторот за поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината, односи со јавноста и информатичка технологија, Фатос Аќифи, положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.
Пред присутните се обрати претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска Давкова.
Настанот со музички колаж го збогатија членовите на Националната установа за народни игри и песни, ансамбл “Танец”.