Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Чествување на празникот 11 Ноември на Спомен костурница

Денот на ослободувањето на Куманово, пригодно беше одбележан денеска, пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна, Спомен костурница.

Во знак на почит и благодарност, бројни делагации положија свежо цвеќе: Сојуз на борци од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија – Општински одбор Куманово, градоначалникот на Општина Куманово, претседателка и членови на Советот на Општината, претставници од МВР, АРМ, ЗАПВАРС, пратеници од Собранието на РСМ, делегации од збратимени градови, јавни претпријатија и установи, општински училишта, здруженија на граѓани, политички партии и др.
За значењето на овој историски датум пред присутните зборуваше Зора Ивановска, претставничка од Сојуз на борци.
На пригодниот настан, присутните имаа можност да проследат кратка културно – уметничка програма.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст