Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Четири медали за кумановските основци на Малите олимписки игри

Општина Куманово ја претставуваа три основни училишта на дводневните спортски игри, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Малите спортисти заедно со наставниците успешно го завршија турнирот, се закитија со три златни и еден сребрен медал:
– ООУ Браќа Миладиновци” – државни прваци во ракомет (машки),
– ООУ “Крсте Мисирков” – државни прваци во футсал (женски),
– ООУ “Наим Фрашери” – државни прваци во фудбал (машки) и сребрен медал во футсал (машки).
Домаќини на спортската манифестација беа општините Богданци, Валандово и Дојран.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст