Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Делегација од спортскиот клуб “Форца” – Куманово на прием кај градоначалникот Димитриевски

Претставници на кумановскиот футсал клуб  “Форца”, државни прваци во Прва македонска футсал лига за сезона 2023/2024 година, денеска остварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претседателот на Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК, Филип Колевски.
На пријателската средба беа потенцирани успесите на оваа екипа во футсал, екипа во која сплотено играат спортисти од повеќе националности и во чии редови има и репрезентативни играчи, се разговараше и за претстојните натпревари во евро лигата. Со освојувањето на шампионската титула во националното првенство, тимот на “Форца” – Куманово обезбеди  квалификација во елитното натпреварување на УЕФА во наредната сезона. Во знак на благодарност и почит, раководните лица на клубот, на градоначалникот на Општина Куманово му доделија признание за досегашната континуирана поддршка.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст