Димитриевски на Самит за демократија во Југоисточна Европа во организација на ИРИ
Градоначалникот на Општина Куманово присуствуваше на дводневен Самит за демократија во Југоисточна Европа, во организација на Меѓународниот републикански институт – ИРИ, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Главни теми на дискусија беа евро – атланскиот консензус и корупцијата во земјите на Западен Балкан. Учесници на оваа средба беа заменик претседателот на ИРИ, Скот Мастик, регионалниот директор на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, премиерот на Црна Гора, Дритон Абазовиќ, високи владини претставници од САД, Европа и регионот, како и политички аналитичари.