Градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со грчката амбасадорка
Претставници од Амбасада на Република Грција во РС Македонија, денеска беа во прва официјална посета на Општина Куманово.
Градоначалникот Максим Димитриевски имаше работен состанок со амбасадорката Н.Е. Софиа Филипиду и секретарот Димитриос Псиахас.
Во пригодна атмосфера се потенцираа досегашните искуства и активности меѓу двете држави. Се разговараше и за актуелните општествени теми од повеќе сфери, со цел да се создадат услови за идна соработка која би била значајна за граѓаните на Општината.