Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени признанија на градоначалникот Димитриевски во знак на благодарност за организацијата на боксерскиот турнир “Мирослав Петровиќ”

Денеска во пригодна атмосфера, во кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски, беа примени претставници од раководството на кумановскиот реномиран боксерски клуб, БК “Куманово 84”, кои изразија благодарност за учеството и придонесот на Општина Куманово, во развојот на оваа спортска дисциплина.
Во знак на благодарност за поддршката во организацијата на третото издание на турнирот во бокс “Мирослав Петровиќ”, (одржан на 2 – 3 јуни 2023 год.), на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, му беше врачена плакета од име на БК “Куманово 84”.
Исто така, благодарност изразија и претставници на кумановските ветерани во бокс, кои на градоначалникот му врачија плакета и монографија со  наслов “Легенди на југословенскиот бокс – седуммина величенствени”.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст