Работна средба на градоначалникот Димитриевски со претставници од Меѓународна организација за миграции – ИОМ
Градоначалникот на Општина Куманово, денеска оствари средба со делегација од Меѓународната организација за миграции – ИОМ.
Повод за работниот состанок беше посетата на претставници од ИОМ – Белгија, кои работат на Програмата за асистирано доброволно враќање и реинтеграција со претставници од Владината агенција за миграции – ФЕДАСИЛ.
Тема на средбата беше реинтеграција на повратниците од државите на ЕУ и нивните потреби. Се разговараше за постоечките фактори кои придонесуваат за заминувањето во странство и за причините за повторно напуштање на земјата откако ќе се вратат како неуспешни баратели на азил.
Изнесени се размислувања и можности за соработка со повратниците од ромската етничка заедница.
Се анализираа и спроведените активности на ИОМ за поддршка на Прифатно транзитниот центар во Табановце.
На состанокот, се дискутираше и за образованието на младите, како и за можностите за поддршка и вработување и социјална заштита како дел од активностите на општината и институциите.