„Домот е еднаквост“ за поддршка на луѓето што живеат во неформални населби
„Хабитат Македонија“, заедно со партнерските организации ширум светот, ја започнува петгодишната кампања „Домот е еднаквост“ (Home Equals). Преку оваа кампања се иницираат промени на политиките на локално, национално и на глобално ниво со цел да се зголеми достапноста до адекватно домување за луѓето што живеат во неформални населби. За овој проект изработено е и истражување на Habitat for Humanity во партнерство со International Institute for Environment and Development во коe се пресметани модели за придобивките кои ќе се добијат од унапредување на домувањето во однос на економскиот раст, приходите, здравјето и образованието. Во соработка со националните и со локалните власти, како и со жителите на неформалните населби во Шуто Оризари и во Куманово, „Хабитат Македонија“ , ќе ги поддржи политиките и системите што треба да се унапредат за да се задоволат потребите на лицата без адекватно домување.