Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во РС Македонија – проект за развој на органско пчеларство
Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, финансира тригодишен проект
(април 2023 – октомври 2025), за развој на руралните средини во РС Македонија.
Денеска во Занаетчиски дом – Куманово, официјално беше објавен почетокот на проектот, со поддршка на Центарот за развој на Североисточен плански регион (ЦРСИПР).
На настанот присуствуваа претставници на Амбасада на Р Словенија во РС Македонија, кои претходно остварија средба со градоначалникот на Општина Куманово, раководните лица на локалниот партнер за спроведување – АДРА од Словенија и Македонија, членови на здружението – Пријатели на пчелата, претставници од општините Куманово и Свети Николе и медиумите.
Главна цел на проектот е зајакнување на пчеларски семејства во областа на органското пчеларство, со акцент на вклученоста на жените и младите.
Одбрани се Североисточен и Вардарски регион, бидејќи овие области имаат поволни услови за развој на оваа земјоделска гранка.