Достоинствено одбележан 7 Февруари – денот на загинувањето на партизанскиот командант Христијан Тодоровски Карпош
Во знак на спомен и почит кон ликот и делото на народниот херој од НОБ, претставници од Општина Куманово, предводени од секретарот Александар Гелевски и бројни делегации на институции и граѓански здруженија од градот, денеска ја посетија Куќата – музеј на Христијан Тодоровски Карпош и положија свежо цвеќе пред неговата биста.
Манифестацијата продолжи со пригодна културно – уметничка програма и разгледување на историската постојана поставка во спомен куќата.
Традиционалниот настан, со кој се одбележаа 80 години од згаснувањето на животот на легендарниот козјачки командант, кон крајот на Втората светска војна (во 1944 година, кај месноста Билјача, Прешево во Србија), го организираше Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓани продолжувачи на историските вредности од Народноослободителната борба во Македонија.