Еразмус+ проект во ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово
Секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, денеска ја примија координаторската група на учесници на проектот Еразмус+, чиј домаќин е ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово.
Тема на проектот е: “Употреба на дронови и иновативна технологија во земјоделство”, односно претставување на методи и апликации во функција на преземање на мерки за спречување на елементарни непогоди (пожар, поплави, земјотреси и сл.), кои предизвикуваат огромни штети во земјоделското производство.
На првиот договорен дводневен состанок во Куманово, присуствуваа координатори од земјите учеснички Турција, претставувана од повеќе институции: технички факултет од Кочали, претпријатие за водовод и канализација, сектор за образование од Дарича и претставници од средни училишта од Италија, Португалија и Словачка.