Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Филмај 2024” – Меѓународен филмски фестивал во Куманово

Љубителите на филмска уметност имаат можност да присуствуваат на дводневниот фестивал на краток филм, кој ќе се одржи во Занаетчиски дом, на 29 и 30 мај, во организација на “Фото кино клуб Козјак” – Куманово, со поддршка на Општината.
Филмските проекции започнуваат во 20 часот.
Ќе бидат прикажани вкупно 16 филмови, од кои 5 наградени и 11 официјално селектирани филмски дела, после завршениот конкурс на кој учествувале 170 кратки проекции од 49 држави.
Манифестацијата се организира по шестти пат и има за цел враќање на филмската традиција во градот.
На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст