Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Fire Shield – Завршна презентација на проектот на Центар за развој на Североисточен плански регион – Куманово

Во пригодна атмосфера пред зградата на Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Куманово, денеска беше промовиран завршниот дел на проектот Заштита и превенција од пожари на микрорегионот на општините Куманово, Ранковце, Липково и Старо НагоричанеFire Shield”.
На промотивниот настан беа изложени противпожарна опрема, 3 специјализирани возила, униформи за шумски пожари и за отворен простор и техничка опрема за логистика на терен.
Присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, Министерот за локална самоуправа на РСМ, Златко Петрински, претставници од ТППЕ на Куманово и Ранковце, кои ја добија опремата, главниот координатор на проектот на државно ниво, Бисера Јакимовска и претставници од Центарот за развој на СИПР – Куманово, директорот Младен Протиќ и координаторот Владимир Павловски.
Проектот се реализираше во временски период од 2 години, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Владата на Швајцарија.
Пред присутните се обратија претседателката на Советот на Општината и директорот на Центарот за развој на СИПР – Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст