Годишен концерт на КУД “Панче Пешев” – Куманово
Со пригодна културно – уметничка манифестација, вечерва во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, се одбележаа 80 години од загинувањето на Панче Пешев, македонски композитор, музичар, комунист и учесник во Народно ослободителната војна (1941 – 1944).
Со препознатлив фолклорен настап, членовите на културно уметничкото друштво, оддадоа почит кон ликот и делото на оваа историска личност.
На сцената беа изведени познати песни од кумановскиот крај (Јовка Кумановка), соло и хорска интерпретација, сплет од игри, оркестарот настапи со изворни инструменти а забележителна изведба имаше и првиот детски ансамбл со неколку музички точки.
Пред публиката се обратија претседателот на КУД “Панче Пешев” – Куманово, Зоран Илиевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.