Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски на Конференција за општествено – политички односи во организација на ЦИВИЛ

“Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и ставови, предизвици и решенија” е наслов на Конференцијата, која се одржа денеска во Скопје, во  организација на ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
Конференцијата е дел од проектот “Заедно за подобра иднина”, се однесува на општествено – политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности.
Настанот го отвори претседателот на државата, Стево Пендаровски. Меѓу главните говорници беа високи државни фукционери, министри, пратеници, почесен конзул на Големото Војводсвто Луксембург, градоначалници, претставници на експертската и академската заедница, граѓански здруженија и медиуми.
Пред присутните, свое излагање имаше и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Конференцијата е организирана во рамки на одбележувањето на 21 мај, Светскиот ден на различностите.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст