Градоначалникот Димитриевски на работна средба посветена на превенција и спротивставување на насилниот екстремизам и радикализација
Денеска во Скопје се оддржа работен состанок на тема превенција од насилен екстремизам и поттикнување на мирни и инклузивни општества, на кој учествуваа претставници од општините Куманово, Кисела Вода и Гази Баба.
Настанот е дел од проектот “Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во РС Македонија”, финансиран од ЕУ, спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – “Отворена порта/Ла Страда” и Здружението за поддршка и развој – “Хуманост” во соработка со општините.
На работната средба беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општините, со што се официјализираа нивните заложби за мирни и инклузивни општества, односно спречување на сите облици на насилство.
Во име на Општина Куманово, Меморандумот го потпиша градоначалникот Максим Димитриевски, кој имаше и свое обраќање пред присутните.