Градоначалникот Димитриевски на средба со амбасадорката на Р Хрватска Нивес Тигањ
Денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски оствари средба со амбасадорката на Р Хрватска во РСМ Нивес Тигањ. Изградените добри односи и досегашните споделени работни искуства, водат кон очекувани можности за имплементација на нови и значајни проекти. Заедничката иницијатива за достигнување на повисок степен на комуникација, ќе донесе унапредување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Според прецизираните приоритети на двете страни, на средбата беа истакнати позитивни очекувања за продлабочување на досегашната соработка преку соодветни и реални решенија, согласно со заедничките потенцијали и определби.