Градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со амбасадорот на Р Унгарија во РС Македонија
Градоначалникот Максим Димитревски, денеска беше домаќин на претставници од Амбасада на Р Унгарија во РС Македонија, Унгарскиот амбасадор Н. Е. Андраш Клеин и економскиот советник Сандра Харастиа,кои се во прва официјална посета на Општината.
На средбата беше потенцирана досегашната успешна соработка и промоција на економијата, културата и традицијата на двете земји, кои имаат воспоставено долгогодишни дипломатски односи.