Панел дискусија на тема: политичко учество на лицата со попреченост
Вклучувањето на лицата со попреченост во политичкиот живот е еден од приоритетите на политичките субјекти во секое демократско општество. Ова беше тема на денешната панел дискусија, организирана од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – Инклузива. Главна цел е да се подигне свеста на политичките фактори, дека и лицата со попреченост имаат еднакви права и можности за политичко учество во рамки на институциите во општествениот систем. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Димитриевски, а присуствуваа претседателката на Советот и претставници од општинската администрација.