Градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во РСМ
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска беше домаќин на амбасадорот на Шпанија во РС Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. На првата официјална средба беа разменети искуства од досегашната соработка меѓу двете земји и разгледани можности за проширување на односите во повеќе општествени сфери, во интерес на граѓаните на Општина Куманово.