Прием на францускиот амбасадор во Општина Куманово
Денешната прва официјална посета на францускиот амбасадор во РСМ, Н.Е. Сирил Бомгартнер, со градоначалникот Максим Димитриевски, помина во пригодна атмосфера. На средбата беа потенцирани пријателските односи меѓу двете држави. За македонскиот народ е значајна поддршката од западните големи сили, затоа беше изразена досегашната позитивна соработка која може да се подигне на повисоко ниво. По средбата во Општина Куманово, градоначалникот со претставници од француската Амбасада во РСМ, го посетија СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово. Заминаа во “ретро” модели на француските возила Пежо и Ситроен, традиционално дефиле организирано во рамки на годишното одбележување на Денот на Пежо 404. Отворениот ден и патрониот празник на Гимназијата, беа повод за средба со ученици и наставници од билингвалните паралелки, кои следат предметна настава на француски јазик.