Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

„Графити Фест“ по петти пат во Куманово

Денеска во Куманово се одржа фестивалот „Графити фест“, во организација на Здружението за ликовна уметност „Форма“. На фестивалот учествуваа уметници од државата, како и уметници од Србија,Бугарија,Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Турција. Оваа година се цртаа графити на објекти на улицата „Лесковачка“ во населбата Гоце Делчев. На настанот присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Совет на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска. Членовите на оваа здружение, веќе неколку години на различни локации во градот, им даваат нов урбан лик на објектите, искажувајќи го својот уметнички дух.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст