“Im in – Учиме од чудесната природа” и “Културно и природно наследство во Македонија и Шпанија”-проекти од “Еразмус +” програмата
Денеска секретарот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината имаа средба со професори и ученици од Франција и Шпанија, чија посета е по повод активности во рамките на “Еразмус +” програмата, кои ги спроведуваат со две општински основни училишта. ООУ “Кочо Рацин”-Куманово е домаќин на гостите од Франција, со кои реализираат активности на проектот “Im in –Учиме од чудесната природа”, на тема запознавање со екосистемот на шумите. Додека ООУ “Крсте Мисирков”-Куманово со претставниците на партнерско училиште од Валенсија, Шпанија работат на активности во рамки на проектот “Културно и природно наследство во Македонија и Шпанија”, преку учење на англиски јазик, култура и спорт во училиштето и посета на локалните знаменитости.