Изнаоѓање на механизми за спречување на девијантни појави во Општина Куманово – панел дискусија
На иницијатива на Отсек за превенција при СВР – Куманово и Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска беше организирана тркалезна маса во ресторан Грација, Куманово.
Тема на дискусија беа справување со девијантни појави и проблемот со питачењето кај малолетната популација, односно изнаоѓање на механизми и решенија со кои би се спречиле овие појави. Настанот го отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која се обрати пред учесниците, претставници од невладини организации, судија за малолетници, надлежен инспектор за малолетници, народен правобранител, претставници од ЈУМ Центар за социјални работи – Куманово и др.