Известување за пријавување на штети од невремето
Се известуваат граѓаните на територија на општина Куманово дека краен рок за пријавување на штети од обилните врнежи од дожд и невремето што беше во изминатиот перид е до четврток (11.07.2024 година). Граѓаните кои имаат претрпено штети, треба да поднесат барање за каков вид на штета се работи преку архива на Општината или да се информираат на телефонскиот број 075/273-192