Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата “Општинско – корисна работа”, проект „Инклузивна училница 3″

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Куманово,  во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата “Општинско – корисна работа” финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 12.08.2024 година се објавува

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
 Програмата “Општинско – корисна работа”, проект „Инклузивна училница 3“

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата “Општинско-корисна работа”, проект „Инклузивна училница 3” за работно ангажирање со скратено работно време во период од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува 9 месеци, во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање, ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата “Општинско-корисна работа” се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата “Општинско-корисна работа” треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Образовен асистент во средно образование со следниве работни задачи:

  • Секојдневна помош и поддршка на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник;
  • Секојдневно мотивирање на ученикот за учење и социјализација, преку најразлични креативни методи и техники;
  • Мотивирање на ученикот за вклучување во воннаставни активности;
  • Мотивирање на учениците за тренирање на индивидуален или групен спорт
  • Изготвување на месечен извештај за следење на напредокот на ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.

Позиции за работно место-Oбразовен асистент во средно образование: 14 (четиринаесет)

Од нив 11 ( единаесет) работни позиции се однесуваат на образовни аистенти во училишта, кадешто наставата се одвива на македонски наставен јазик, а 3 ( три) работни позиции се однесуваат на образовни асистенти во училишта, кадешто наставата се одвива на албански наставен јазик.

Потребни квалификации и занимања за работно место 1: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Куманово, лицето да припаѓа на една од горенаведените целни групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.

Лицето да има завршено високо образование за:

  • професор по одделенска настава;
  • професор по предметна настава;
  • педагог;
  • психолог;
  • дефектолог (специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост);
  • социјален работник (во исклучителни случаи);
  • социолог (во исклучителни случаи) или слично.

Работно место 2: Личен асистент во средно образование, со следниве работни задачи:

  • Индивидуална помош и поддршка при движење во просторот на училиштето;
  • Помош и поддршка при патување до и од образовната установа;
  • Помош при задоволување на лични потреби;
  • Мотивирање на учениците за тренирање на индивидуален или групен спорт;
  • Помош и поддршка при социјализација;
  • Изготвување на месечен извештај за реализираните активности со ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.

Позиции за работно место – Личен асистент во средно образование1 (една)

Работната позиција се однесува на личен асистент во училиште, кадешто наставата се одвива на македонски наставен јазик.

Потребни квалификации и занимања за работно место 2: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Куманово, лицето да припаѓа на една од горенаведените целни групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.

Лицето да има средно образование /високо образование ( на македонски јазик).

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата “Општинско-корисна работа”, проект „ Инклузивна училница 3“ , можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 12.08.2024 година до 20.08.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот ( седум работни дена).

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Куманово кај лицето Тања Стефановска- Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Егзона Шабани и  ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.

Повеќе информации на следиов ЛИНК

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст