Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јубилеен маскенбал “Батко Ѓорѓија” – Куманово 2024

На градскиот плоштад во Куманово, денеска се одржа дваесеттото издание на традиционалниот маскенбал Батко Ѓорѓија, во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Мозаикот од маски го сочинуваа преку 500 учесници, во 15 групни кореографии, од основни и средни училишта, сите клонови на ЈОУДГ Ангел Шајче – Куманово и балетското студио Ултра.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, а водител на настанот беше актерот Никица Јанковски.
Покровители на културно – уметничкиот настан се Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст