Концерт под маски – УОМО “Панче Пешев”- Куманово
Денот на шегата – 1 Април, симболично го одбележаа учениците и нивните наставници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово, со дневна музичка манифестација, поддржана од Фондацијата за култура и спорт и Општина Куманово.
На задоволство и радост на многубројната публика, особено најмалите, маскираните музичари од оркестарот и хорот при училиштето, интерпретираа познати домашни и странски (класични) композиции.
На денешниот “музички маскенбал” присуствуваа претставници од општинската администрација.